Друштво за производство, трговија, услуги и управување Ваш Еко Дом Управител ДООЕЛ Скопје, е лиценцирана фирма за управување и одржување со станбено деловни и деловно-станбени објекти, основана во Февруари 2011 година, со седиште во Скопје.
Растот на нашата компанија е доказ за долгорочната посветеност кон клиентите и нивните барања. Искуството акомулирано од различните предизвици со кои се соочила компанијата низ нејзиниот развој, е преточено во брзината и квалитетот при давањето на нашите услуги. Стратешка определба на фирмата е континуиран развој и унапредување, како и исполнување на барањата на нашите клиенти. Постојаниот развој и инвестиции во стручниот кадар, вработените, како и надворешните соработници, овозможуваат комплетна подготвеност во сите фази на давањето на услугите од нашата област.
Благодарение на современиот начин на работа и организација, воведување на нови идеи и прилагодување на побаруваните услуги на пазарот, нашата фирма нуди: административно управување и тековно одржување (хаусмајстор и хигиена), како и широк асортиман на дополнителни услуги прилагодени на секој објект посебно.
Преку услугата Административно управување, клиентите уживаат професионална и навремена услуга во поглед на економските и сметководствените прашања /проблеми од нивните објекти. Опсегот на услугата вклучува:
Правните услуги кои Ваш Еко Дом Управител ги нуди на своите клиенти, се спроведуваат од искусен и посветен правен тим, кој е секогаш спремен да одговори на потребите на клиентите во соглсасно со законите и правните акти во функција. Услугата предвидува:
Хигиената во Вашите објекти ни претставува еден од најважните приоритети при тековното одржување на влезовите, затоа секогаш испорачуваме професионална грижа со соодветни хигиенски средства и препарати. Услугата опфаќа:
Ваш Еко Дом Управител во целост се грижи зa станбениот објект и редовното вршење на сите поправки од помал обем (менување сијалици, степенични автомати, мали електрични приклучоци и слично) со цел беспрекорно функционирање на сите делови од објектот.
Поседуваме специјализирана машина, која чисти различен вид на индустриски подови. Цената на оваа услуга се утврдува според големината на просторот, фрекфенцијата на извршување на услугата и видот на подот. Може да се одбере како редовна месечна услуга или по потреба.
Чистење на подрумски простории и изфрлање на секаков вид на кабаст и ситен отпад со организиран превоз, цената на услугата зависи од количината на отпад која треба да се исфрли.
Грижа за паркови и зеленило пред објектот, садење на садници, трева и/или кастрење и отстранување на плевел. Цената на услугата варира во зависност од типот на услуга која се бара.
Цената на услугата изнесува од 1500,00 ден плус ПДД , зависно од големината на објектот за заедничките простории и 300,00 ден по стан.