Друштво за производство, трговија, услуги и управување Ваш Еко Дом Управител ДООЕЛ Скопје, е лиценцирана фирма за управување и одржување со станбено деловни и деловно-станбени објекти, основана во Февруари 2011 година, со седиште во Скопје.
Растот на нашата компанија е доказ за долгорочната посветеност кон клиентите и нивните барања. Искуството акомулирано од различните предизвици со кои се соочила компанијата низ нејзиниот развој, е преточено во брзината и квалитетот при давањето на нашите услуги. Стратешка определба на фирмата е континуиран развој и унапредување, како и исполнување на барањата на нашите клиенти. Постојаниот развој и инвестиции во стручниот кадар, вработените, како и надворешните соработници, овозможуваат комплетна подготвеност во сите фази на давањето на услугите од нашата област.
Благодарение на современиот начин на работа и организација, воведување на нови идеи и прилагодување на побаруваните услуги на пазарот, нашата фирма нуди: административно управување и тековно одржување (хаусмајстор и хигиена), како и широк асортиман на дополнителни услуги прилагодени на секој објект посебно.
Преку услугата Административно управување, клиентите уживаат професионална и навремена услуга во поглед на економските и сметководствените прашања /проблеми од нивните објекти. Опсегот на услугата вклучува:
Правните услуги кои Ваш Еко Дом Управител ги нуди на своите клиенти, се спроведуваат од искусен и посветен правен тим, кој е секогаш спремен да одговори на потребите на клиентите во соглсасно со законите и правните акти во функција. Услугата предвидува:
Хигиената во Вашите објекти ни претставува еден од најважните приоритети при тековното одржување на влезовите, затоа секогаш испорачуваме професионална грижа со соодветни хигиенски средства и препарати. Услугата опфаќа:
Ваш Еко Дом Управител во целост се грижи зa станбениот објект и редовното вршење на сите поправки од помал обем (менување сијалици, степенични автомати, мали електрични приклучоци и слично) со цел беспрекорно функционирање на сите делови од објектот.
Една од конкуректските предности на нашата компанија е брзината со која ги следиме трендовите во општеството, и насоките во кои се развива областа на управување во нашата земја. Една од тие насоки е користење на буџетски средства од Општините за реализација на нужни и најчесто скапи проекти во објектите, како што се реконструкција на кровови и фасади и ремонт на лифтови или поставување на нови лифтови , за таа цел Ваш Еко Дом Управител Ви нуди:
Поседуваме специјализирана машина, која чисти различен вид на индустриски подови. Цената на оваа услуга се утврдува според големината на просторот, фрекфенцијата на извршување на услугата и видот на подот. Може да се одбере како редовна месечна услуга или по потреба.
Чистење на подрумски простории и изфрлање на секаков вид на кабаст и ситен отпад со организиран превоз, цената на услугата зависи од количината на отпад која треба да се исфрли.
Грижа за паркови и зеленило пред објектот, садење на садници, трева и/или кастрење и отстранување на плевел. Цената на услугата варира во зависност од типот на услуга која се бара.
Цената на услугата изнесува од 1500,00 ден плус ПДД , зависно од големината на објектот за заедничките простории и 300,00 ден по стан.